Официјално: Бајрамовска во редовите на Вардар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентативката на Македонија, Мирјета Бајрамовска потпиша договор со македонскиот шампион, и вицешампион на Европа, ЖРК Вардар.

32 годишната Бајрамовска потпиша едногодишен договор со Вардар и по три години поминати во Словенија се враќа во Македонија, но овој пат во лутиот ривал на нејзиниот поранешен клуб.

„Взаемниот интерес за соработка е клучот на мојата одлука да потпишам за Вардар, а можеби и тука да ја завршам кариера. Секој спортист сака да биде првак на Европа и да ја освои лигата на шампионите, а тоа може само со неколку клубови во Европа, а меѓу нив е Вардар.
Уште поголем императив е со македонски клуб да се борам за титулата во ЛШ, и би сакала и јас да дадам свој придонес во тоа. Секогаш сакам да бидам во клуб каде професионализмот е на прво место, и кога секој си ги извршува задачите, резултатите се неизбежни.
Инфраструктурата и условите што ги има Вардар се најдобри во Европа. Сакам да се заблагодарам на менаџерскиот тим на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко за укажаната доверба за која максимално ќе се посветам да ја оправдам со моите настапи“-
изјави Мирјета Бајрамовска по потпишувањето на договорот.

Бајрамовска во својата богата кариера има настапувано за тимовите на Кометал Ѓорче Петров, Еуростандард, Металург, Аликанте (Шпанија), Драма (Грција), а последен нејзин клуб беше Крим од Словенија.