Лион го посакува Мангала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Лион се заинтересирани за услугите на дефанзивецот на Манчестер Сити, Елиаким Мангала.

Французинот кој минатата сезона беше на заем во Валенсија речиси сигурно нема да продолжи во Манчестер Сити следната сезона и ги разгледува опциите за неговата иднина.

Како што наведува „Лекип“ Лион е најсериозен кандидат за потписот на играчот кој пристигна на „Етихад“ во 2014 година од редовите на Порто за 32 милиони фунти.