Работнички поразен од Ријека во втората контрола на Крањска Гора


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Работнички го претрпе првиот пораз на подготовките во КрањскаГора откако со 2:0 загуби од хрватскиот шампион, Ријека.

Хрватите победата ја обезбедија во вториот дел откако најпрво во 60. минута Матеј со убав удар го совлада Даниел Божиновски.

На 2:0 зголеми бразилскиот интернационалец Хебер по одличната асистенција на Стефан Ристовски.

Избраниците на Виктор Треневски имаа неколку прилики да го совладаат голманот на Ријека, а најсериозната прилика ја пропушти Велинов во 23. минута од натпреварот.