Јувентус го сака Дармијан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според извори на „Скај Спортс“ Јувентус се интересира за бекот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан.

Дармијан одигра 18 натпревари во Премиер Лигата за Манчестер Јунајтед минатата сезона, а негов најдобар натпревар беше против Ајакс во финалето од Лигата на Европа.

Од Јувентус го пикирале Италијанецот како замена за Дани Алвеш кој ова лето веројатно ќе се приклучи на тимот на Манчестер Сити.

Манчестер Јунајтед го донесе Дармијан од Торино пред две години во трансфер вреден 12.7 милиони фунти.