Мунир пред трансфер во Зенит


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што јавува Каталонското радио „Тот Коста“ напаѓачот на Барселона, Мунир Ел Хабдади е пред трансфер во редовите на Зенит од Санкт Петербург.

Мунир минатата сезона ја помина на заем во Валенсија каде постигна шест погодоци на 33 натпревари во Ла Лига.

Иако имаше можност Валенсија да го откупи неговиот договор тие не го сторија тоа, па од Барселона бараат други опции за иднината на 21 годишниот фудбалер.

Како што јавува „Тот Коста“ новиот предводник на Зенит, Роберто Манчини ги задолжил челните лица во клубот да притиснат за трансфер на играчот на Барселона кој е проценет на околу 20 милиони евра.