Тотенхем заинтересиран за Сусо и Мајер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Тотенхем работат на составот кој следната сезона треба да го понесе товарот со настапите во Лигата на Шампионите и Премиер Лигата.

Како што пишува „Газета дело Спорт“ челните лица на Тотенхем веќе стапиле во контакт со луѓето од Милан за трансфер на 23 годишниот Сусо.

Договорот на Сусо со Милан истекува во 2019 година, а според најавите Милан нема лесно да се ослободи од еден од најдобрите нивни играчи од минатата сезона.

Покрај Сусо, од Тотенхем пројавиле интерес и за играчот на Шалке, Макс Мајер за кого се подготвени да издвојат 17.5 милиони фунти.