Барселона одбила понуда од Манчестер Јунајтед за Гомес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот менаџер на Барселона, Ернесто Валверде лично го блокирал трансферот на Андре Гомес во редовите на Манчестер Јунајтед.

23 годишниот играч на „Камп Ноу“ пристигна минатата година од Валенсија, но не успеа да ги импресионира челните лица на Барса во неговата прва сезона.

Сепак, како што наведува „Марка“ Валверде е голем фан на играта на Португалецот и новиот предводник на „Каталонците“ ја отфрлил идејата тој да ги напушти редовите на Барселона.

Наводно, Жорге Мендеш се сретнал со челниците на Барселона за да дискутираат за потенцијален трансфер на неговиот клиент, но од клубот му било јасно дадено до знаење дека не сакаат да го продадат играчот од средниот ред.

Инаку од Манчестер Јунајтед понудиле сума од 35 милиони евра за услугите на Гомес, сума која Барса ја плати минатата сезона на Валенсија.