Најдобриот млад играч на Јунајтед замина во Престон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џош Хароп, 21 годишниот играч на Манчестер Јунајтед се согласи да направи трансфер во редовите на Престон Норт Енд.

Хароп беше најдобар стрелец на резервниот тим на Манчестер Јунајтед минатата сезона, а дебитираше и за првиот тим во натпреварот против Кристал Палас. На тој натпревар Хароп постигна и фантастичен погодок.

Од Манчестер Јунајтед му понудиле нов договор, но младиот играч се решил да го одбие и како слободен играч да потпише за Престон.