Делуфеу може да направи трансфер во Рома


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Агентот на Џерард Делуфеу потврди дека Рома е можна следна дестинација за крилниот играч на Евертон.

Шпанскиот интернационалец помина одлични шест месеци во редовите на Милан, но клубот од „Сан Сиро“ нема опција да го направи трансферот перманентен.

Агентот на Делуфеу, Гинес Карвахал потврди дека неговиот агент можеби ќе се реши за трансфер кај момците на Еузебио Ди Франческо.

„Тешко е да се каже сега, но Рома е одличен клуб и тие се можна дестинација.“- коментираше Карвахал.

Од „Римската волчица“ бараат замена за Мохамед Салах кој вчера го комплетираше трансферот во редовите на Ливерпул.