Официјално: Металург и оваа година во Лигата на Шампионите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија и оваа сезона ќе има два претставници во најелитното ракометно европско натпреварување, Лигата на Шампионите.

Денес стигна и официјална потврда дека покрај Вардар како актуелен шампион на Европа, свое место во Лигата на Шампионите ќе добие и скопски Металург.

Ова за клубот од Автокоманда ќе биде осмо учество во ова натпреварување, шесто едноподруго.

И оваа година групите ќе бидат поделени на два дела, шампионски (А/Б групи) и нешампионски (Ц/Д групи).

Во групите А и Б ќе настапат: Веспрем, Рајн Некар Левен, Вардар, Киелце, ПСЖ, Кил, Фленсбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла Плок, Кристијанштад, Алборг, Пик Сегед, Целје и Брест Мешков.

Додека пак во групите Ц и Д силите ќе ги одмерат тимовите на: Адемар Леон, Металург, Скјерн, Монпеље, Кадетен, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт и еден квалификант (Спортинг Лисабон, Татран Прешов, Коцкс или Алпа Хард).

Извлекувањето на групите ќе биде на 30 јуни во Љубљана, Словенија.