Новиот Јувентус силен како земја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што ќе кажете? Тешко дека вака ќе изгледа…

Останаа уште ситни детали до комплетирање на двата најголеми трансфери ова лето и како што знаете двата се поврзани со Јувентус. Пол Погба – Манчестер Јунајтед, Гонзало Игуаин – Јувентус.

Интересно, новинарите на Газета Дело Спорт одлучија да ја променат формацијата на Старата Дама. Од 3-5-2 на 4-3-3. Тоа во најголема рака ќе биде и најголема промена во клубот. Чекајќи го Алегри и првите натпревари тоа ќе изгледа вака: Буфон – Алвеш – Киелини – Бонучи – Сандро – Маркизио – Пјаниќ – Пјаца – Кедира – Дибала – Игуаин.

Она што веднаш се гледа е дека италијанските новинари на клупата ги сместија ветераните Барзаљи и Евра. Во средниот ред секако дека ќе има резервирано место за Пјаниќ како и за најголемото засилување во нападот, Гонзало Игуаин.