Официјално: Вил Хјус нов фудбалер на Вотфорд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Членот на младата репрезентација на Англија, Вил Хјус од денес и официјално е нов фудбалер на Вотфорд.

Тимот предводен од Марко Силва го обезбеди потписот за некогаш најталентираниот фудбалер на Англија за сума од 4.5 милиони фунти која може да порасне и до седум милиони фунти.

Договорот кој Хјус го потпиша со клубот од „Викариџ Роуд“ е со времетраење од пет години.

За Хјус во минатото сериозен интерес постоеше и од Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но тешката повреда на коленото го спречи неговиот фудбалски развој и до трансфер реализација во  поголемите клубови од Англија не дојде.