Хетафе се врати во Примера


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По Леванте и Џирона пласман во најдобрата шпанска лига обезбеди и екипата на Хетафе откако со 3:1 славеше во возвратниот натпревар против Тенерифе.

Со победата од 3:1 Хетафе го надмина поразот од првиот натпревар (0:1) и со тоа си обезбеди враќање во Ла Лига по само една сезона во втората по ранг лига во Шпанија.

Стрелци на головите за Хетафе беа Алехандро Фаурлин и Дани Пачеко кој постигна два погодоци, додека голот за Тенерифе го постигна Ентони Лозано.