Барса има „план Б“ ако не го ангажира Верати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не е тајна дека Барселона во своите редови го посакува играчот на ПСЖ, Марко Верати.

Сепак, „Светците“ нема лесно да се ослободат од италијанскиот репрезентативец, па трансферот на Верати на „Камп Ноу“ е далеку од реализација.

Доколку Верати не пристигне во редовите на „Каталонците“ од Барса имаат резервна опција. Имено, челните лица на клубот од Каталонија ќе се обидат да стапат во преговори со Атлетико Мадрид за услугите на Саул.

Дека од Барселона се заинтересирани за услугите на Саул говори и фактот што нивниот технички секретар, Робер, ќе ги следи преостанатите два натпревари на Шанија на у21 првенството во Полска, каде главен таргет ќе му биде токму младиот играч од средниот ред.

Сепак и овој трансфер е доведен во прашање со оглед на фактот што Атлетико не смее да регистрира играчи, па тешко би се ослободиле од играчот кој е проценет на околу 40 милиони евра.