Официјално: Балотели го продолжи договорот со Ница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Контроверзниот напаѓач Марио Балотели стави потпис на нов договор со тимот на Ница.

Италијанецот иако имаше уште неколку понуди на маса се реши да го продолжи договорот со неговиот актуелен тим и ќе остане уште една сезона во Франција.

Поранешниот играч на Манчестер Сити и Ливерпул постигна 17 погодоци на 28 настапи за Ница минатата сезона.