Кристал Палас влегува во трка за Ихеаначо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристал Палас застанува во редот за потписот на талентираниот фудбалер на Манчестер Сити, Келечи Ихеаначо.

20 годишниот репрезентативец на Нигерија имаше одличен почеток на сезоната под палката на Пеп Гвардиола но во вториот дел речиси и да не доби шанса, па шпекулациите околу неговото заминување сега ги полнат весниците во Англија.

Интерес за напаѓачот има од редовите на Вест Хем и Лестер, а во трката сега се вклучи и тимот на Кристал Палас кој денес и официјално ќе го објави новиот предводник во името на Франк Де Бур.