Официјално: де Бур нов менаџер на Кристал Палас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Кристал Палас денес објавија дека Франк де Бур ќе биде нивниот нов предводник во следните три години.

Де Бур беше претставен на јавноста како нов менаџер на Кристал Палас во тренинг центарот на клубот,а  исто така беше претставен и новиот спонзор на клубот, МанБетИкс.

Холанѓанецот во минатото беше тренер на екипите на Ајакс и Интер, а со холандскиот клуб има четири титули во Ердивизијата.

„Возбуден сум што сум назначен за нов предводник на Кристал Палас. Голема е честа да се води ваков историски клуб, клуб кој е познат во светов по своите фанови. Оваа позиција е многу голема можност за мене, и со нетрпение очекувам да стартувам во Премиер Лигата со играчите и персоналот овде во Лондон.“- коментираше де Бур по официјализирањето на соработката.