Не можеше потешко, Ѓорческа го доби противникот за квалификациите за Вимблдон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа немаше среќа во ждрепката за првото квалификациско коло за неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон.

Лина Ѓорческа во првото коло ќе се сретне со Александра Круниќ, српската тенисерка која е носител на квалификациониот турнир, а се наоѓа на 99 место на АТП листата.

Дуелот меѓу Ѓорческа и Круниќ ќе се одигра утре на теренот број 15 со почеток од 12 часот.