Металург се засили на средната бековска позиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Божо Ангелиќ е нов ракометар на скопски Металург откако денеска стави потпис на едногодишен договор со клубот од Автокоманда.

25 годишниот Ангелиќ кој игра на позицијата среден бек доаѓа од унгарски Чеглед, а претходно во својата кариера има настапувано за екипите на Цепелин од Цетиње, Црвена Звезда и за Малме.

Две работи беа решавачки за да дојдам во Металург. Сакав да продолжам да тренирам кај врвен тренер каков што е Лино Червар и сакав да настапувам во две врвни лиги – во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Сигурен сум дека не сум погрешил и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот“изјави Ангелиќ за официјалната страна на Металург.