Шкендија убедливо против Дачија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Шкендија неочекувано лесно со 3:0 славеше во првиот натпревар од првото коло во квалификациите од Лигата на Европа против молдавска Дачија.

Избраниците на Ќатип Османи доминираа на теренот во Струмица и сосема заслужено веќе со едната нога се во второто коло.

Творци на победата на Шкендија беа Ибраими и Радески. Младиот репрезентативец на Македонија, Марјан Радески беше инволвиран во трите голови. Најпрво над него беше направена најстрога казна која Ибраими ја реализираше, а подоцна со два погодоци Радески донесе недостижна предност за тетовци.

Следниот натпревар е за една недела во Молдавија и се очекува да биде само од формален карактер.