Работнички потешко од очекувањата против Тре Пене


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Работничи славеше минимално на гостувањето во Сан Марино кај Тре Пене со резултат 0:1.

Стрелец на единствениот погодок беше Деан Митрев во завршницата од натпреварот откако со глава го матираше домашниот голман.

Инаку Работнички во текот на целиот натпревар го диктираше темпото на игра, меѓутоа не успеваше да стигне до погодок.

Реванш натпреварот ќе се игра на 6 јули на комплексот „Петар Милошески“.

ТРЕ ПЕНЕ: Мигани, Палаци, Фратернали, Роси, Мерендино, Патрењани, Гасперони, Гаи, Морети (63’ Мартини), Сантини (72’ Калцолари), Симончели.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев, Митрев, Рашо, Херера, Најденов (81’ Станковски), Трајчевски, Дурански, Маркоски, Кадриу, С. Сахити (73’ Е. Сахити).