Шундовски седнува на клупата на Израел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски селектор, Ѕвонко Шундовски ќе биде новиот предводник на репрезентацијата на Израел.

Изборот на Израелската ракометна федерација паднал на екс тренерот на Букурешт откако бил одржан состанок со Шундовски пред десетина дена во Израел.

„Во завршна фаза од преговорите сме пред официјално да се потпише договорот. Избравме тренер со одличен рекорд. Импресионирани сме од него и од неговото знаење што ни го покажа“- коментираше првиот човек на Израелската ракометна федерација, Дуди Фалах.

Шундовски во кариерата бил тренер на Пелистер, Металург, Констанца и Букурешт, а најголемиот успех му е петтото место на Европското првенство во Србија со репрезентацијата на Македонија.