Вимблдон започнува: Кој ќе биде шампионот ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секоја година почетокот на месец Јули е резервиран за најсилниот тениски турнир, каде настапуваат најдобрите тенисери, а денес во Лондон ќе биде отворено 131-то издание на турнирот на трева.

Федерер, Надал, Џоковиќ, Мареј или пак некој друг ќе го осовои Вимблдон, ќе дознаеме за 15-ет дена кога треба да се одигра големото финале од овогодинешниот турнир.

Се очекува оваа да биде многу интересен и неизвесен турнир каде нема некој изразит фаворит, иако Енди Мареј е прв на АТП листата. Надал и Федерер се во добра форма, но тука е и Новак Џоковиќ кој би требало конечно да блесне иако не е во посакуваната форма, а ако го освои турнирот србинот може да се врати на врвот од АТП листата.

Истото важи и за Рафаел Надал кој ако биде шампион на Вимблдон ќе избие на првото место на АТП листата.