Чалханоглу пристигна: Милан е решен да го победи Јувентус за скудетото !


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трет ден од почетокот на трансфер периодот , Милан го обезбеди шестото засилување Хакан Чалханоглу. Доаѓа од Баерн Леверкузен за 20 милиони со дополнителни 5, како бонус.
23-ри годишниот турски репрезентативец денес ќе ги помине медицнските тестови и ќе потпише 4 годишен договор со годишна плата од 2.5милиони. Игра на природна позиција преден играч за врска, но може да игра и како крило и играч во средината.
Пред Чалханоглу стигнаа, Матео Мусачо, Франк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва и Фабио Борини кои вкупно го чинеа Милан 112.000.000 евра, а 102,000,000 без бонуси.

Во одбраната деновиве се очекува да пристигне одличниот десен бек Конти од Аталанта, а да си замине Де Шиљо кој го чека Јувентус, и со тоа одбраната би била комплетна.

Во средниот ред ќе биде доведено уште едно засилување се споменува Бигла, но Лацио бара 25 милиони за 31 годишниот аргентинец, а Милан нуди само 15м , ново има се споменува Краковијак кој не добива шанса да игра за ПСЖ , Милан сака да го земе на позајмица со право на откуп, на радар уште се Матуиди од ПСЖ и Луиз Густаво Волзбург . Средината значително ќе биде појачана со опоравениот Бонавентура кој заедно со новиот Кеси ќе го сочинуваат средниот ред.

Нападот ќе го сочинуват Најскапото засилување во досегашниот дел Андре Силва(21) доаѓа од Порто за 38милиони, од младиот напаѓач се очекува да го носи целиот товар во нападот со помош на Чалханоглу и Сусо кој неодамна изјави дека одбил 3 понуди од екипи кои играат во лигата на шампионите за да остане во Милан .

Во нападот се очекува да пристигне Калинич од Фиорентина но виолетовите бараат 30м, Милан нуди само 20м, Бака се очекува да биде продаден за 20м.

Неделава се очекува повторно да има преговори со Мино Раиола за Донурума . Младиот голман изрази желба да остане во Милан па се очекува да се прифати понудата која може да нарасне и до 10м по сезона.

Во формација 4-3-3 со Донурума на голот ,одбраната Конти Мусакио Ромањоли Рордигез средниот ред Бонавентура Кеси и едно засилување , во нападот Чалханоглу, Сусо и Андре Силва, тренерот Монтела ја има екипата за да атакува за пласман во лигата на шампионите а и на скудетото.

За разлика од минатите години каде Милан пазаруваше слободни агенти и играчи на позајмица оваа година уште на почетокот спреми тим благодарение на Фасоне и Мирабели.

Се очекува другите тимови од Италија деновиве да почнат да се засилуваат , но едно е сигурно дека наредната сезона Сериа А ќе биде нависина интересна.

Текстот е напишан во заедничка соработка со Дејан Миновски.