Младиот Џиџи не мрда од Милан: Шест милиони годишно му се доволни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновата вест која осамна денеска во Италијанските медиуми е дека голманот на Милан, ЏИџи Донарума ќе остане на Сан Сиро уште долги години.

Управата на „Азурите“ наводно му понудила да потпише нов долгогодишен договор со кој ќе заработува по шест милиони евра годишно.

Откупната клаузула за 18-годишниот Донарума ќе биде 50 милиони евра во случај Милан да не се пласира во Лигата на шампионите и 100 милиони евра доколку „росонерите“ обезбедат учество во елитното натпреварување.