Џорџ Хил потпиша за Сакраменто


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар на Јута Џез, Џорџ Хил својата кариера ќе ја продолжи во Сакраменто Кингс.

Хил на крајот на предходната сезона ја напушти Јута одкако му истече договорот. Тој преговараше со повеќе НБА клубови, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Сакраменто.

Тој со Кингс потпиша 3 годишен договор со кој ќе заработи 57 милиони евра.

„Џорџ Хил е нов играч на нашиот клуб и потпиша договор на 3 сезони. Му посакуваме среќа и успех во дресот на нашиот тим“- Беше напишано на официјалната страна на Сакраменто Кингс.