Домот е место каде што сите се враќаат ?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

 

„Once a Blue, Always a Blue“- стоеше испишана порака на дресот на Вејн Руни во 2002 година, кaде што како млад и надежен фудаблер на Евертон, го постигна фамозниот гол во големото финале од Англискиот ФА купот.

Ако се склопат коцките, постои можност англискиот репрезентативец повторно да го облече дресот на клубот од своето детство.

Роналд Куман јавно ијави дека во своите редови го посакува Руни, и дека сеуште верува во неговите фудбалски способности.

„Јас сум убеден дека Вејн Руни, сеуште може да игра фудбал и тоа на највисоко ниво“ – Беа зборовите на тренерот на Евертон.

Жозе Мурињо пак и соопшти на управата на Јунајтед, а и на самиот играч дека иако тој го почитува и почитува се што направил за сите овие 13 години во Јунајтед, играчот има право сам да си одлучи за својата иднина, но за него место на Олд Трафорд ќе нема.

Руни има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед, но и да остане во тимот, „Црвените Ѓаволи“ нема да сметаат на неговите услуги, па затоа трансферот во Евертон е се поизвесен.