Каратистот Заборски највисоко рангиран Македонец на светска ранг листа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каратистот на Макпетрол, Петар Заборски е на втората позиција на Светската Ранг Листа при Светската Карате Федерација (WKF).

Од Карате клубот Макпетрол известуваат дека по извонредниот успех на нивниот млад каратист и освоениот златен медал на Светскиот карате куп во Умаг, Хрватска, Заборски се нашол на втората позиција на официјалната ранг листа на WKF.

Заборски со свои 19 години е најмладиот натпреварувач во у21 конкуренцијата, а пласманот на втората позиција е голем успех за него. Пред натпреварот во Умаг младиот каратист беше на седмата позиција во светски рамки.