И Надал без проблеми во второто коло


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последниот меч од денот, Рафаел Надал експресно со 3:0 (6:4, 6:2, 7:5) славеше против Доналд Јанг.

Шпанскиот тенисер за два часа и 12 минути успеа да слави против Јанг и со тоа си закажа дуел со Карен Хачанов.

Шампионот на Вимблдон од 2008 и 2010 од самиот старт тргна одлично и веднаш освои брејк. Во продолжение со сигурна игра на свој сервис го реши сетот во своја корист.

Речиси на идентичен начин дојде и до вториот сет, а тенисерот од САД малку го намачи Рафа во финалниот, трет сет. Надал до брејк дојде дури во седмиот гем и најави дека за брзо време ќе го добие натпреварот. Сепак, Јанг веднаш направи „рибрејк“ и се врати во игра. Сепак тоа не траеше долго, па Надал го доби и третиот сет и со тоа се пласира во третото коло.