Видео: Мајсториите на Елиф Елмас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дефинитивно Елиф Елмас е најголемиот македонски талент во овој момент. За потписот на 17 годишниот фудбалер се борат многу европски гиганти како Бенфика, Манчестер Сити, Клуб Бриж, Херенвен…

Фудбалерот на Работнички има фантастична сезона зад себе која ја круниса со деби настап во А репрезентацијата на Македонија, и одлично Европско првенство каде беше еден од најзабележителните наши фудбалери.

Елмас е играч од средниот ред со значително офанзивни карактеристики. Погледнете ги мајсториите на младиот играч во изминатата сезона.