Шкендија ја растури Дачија и се пласира во третото коло


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тетовска Шкендија на убедлив начин, со победа од 4:0 на гостувањето во Молдавија успеа да се пласира во следната фаза од квалификациите на Лигата на Европа.

Шкендија доминираше во текот на целиот натпревар дозволувајќи му на противникот минимални 36% од поседот на топката.

Избраниците на Ќатип Османи пласманот во третото коло го заверија уште во првото полувреме откако по 32 минути игра поведоа со 1:0 со голот на Алими. Пред крајот на првиот дел Стенио Жуниор зголеми на 2:0, а асистент беше стрелецот на првиот гол, Алими.

Претходно домашниот тим на Дачија остана со играч помалку откако Андрониќ заработи втор жолт картон и автоматски беше исклучен од натпреварот.

Во вториот дел Шкендија продолжи да доминира, а третиот гол стигна откако Османи ги направи сите три измени. Младиот Зејнулаи кој влезе на местото на Алими го пронајде патот кон мрежата во 81. минута за убедливо водство од 3:0.

Конечните 4:0 ги постави Ферхан Хасани од пенал откако еден противнички играч играше со рака во својот шеснаесетник по центаршутот на Теќа.

Шкендија во следното коло ќе игра со подобриот од двомечот Хелсинки-Конан. Тимот од Велс има предност од првиот натпревар со 1:0.