Мората проговори по пропаднатиот трансфер во Манчестер Јунајтед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Алваро Мората не влегува во плановите на Зинедин Зидан, но најновите случувања на трансфер пазарот укажуваат на тоа дека Шпанецот ќе ги започне подготовките за новата сезона под палката на стратегот од Франција.

Пред една година сите мислеа дека Мората ќе биде иднината на „Кралскиот клуб“, но оваа стана јасно дека неговата желба е да замине од клубот.

По долгите преговори на релација Манчестер-Мадрид, трансферот пропадна, а најголем губитник во целата ситуација е токму Мората.

Шпанскиот репрезентативец кратко ја прокоментира целата ситуација: „Ми останува само да се борам, нема друго“.

Како што пишува „Марка“, Мурињо и Мората биле во постојан контакт, но лошата трансфер политика на клубот од Мадрид доведе до пропаѓање на трансферот.

За Мората има уште надеж дека ќе го напушти Реал Мадрид. Се шпекулира дека сега Конте ќе тргне по услугите на 24 годишниот напаѓач, но Челси за тоа ќе мора да плати 90 милиони евра.