Милан не запира, го потврди и Конти


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дефинитивно од таборот на Милан се најактивни на трансфер пазарот ова лето.

Росонерите денес во името на Андреа Конти го потврдија и новото засилување во пресрет на следната сезона.

Конти игра на бековските позиции, има 23 години, а на „Сан Сиро“ доаѓа од редовите на Атланта.

Младиот репрезентативец на Италија е седмо засилување за Милан по доаѓањето на Андре Силва, Рикардо Родригез, Хакан Чалханоглу, Матео Мусакио, Франк Кеси и Фабио Борини.