Бартомеу: Верати сака да дојде во Барса


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу истакна дека играчот на ПСЖ, Марко Верати сакал да се приклучи на клубот, но признава дека ќе биде тешко да се оствари таквиот трансфер.

„Верати е играч кој го посакуваме. Роберт Фернандез го сака да дојде, исто така и Валверде и Пеп Секура го посакуваат. Ние знаеме дека и играчот сака да дојде во Барса.

Проблем е што од ПСЖ ни кажаа дека не сакаат да преговараат. Фактот што нема откупна клаузула е проблем за нас бидејќи не можеме да стартуваме преговори. Од таа причина, доколку клубот не скака да го продаде, како што е случај тука, трансферот не може да се реализира“- коментираше Бартомеу за „Спорт“.

Барселона очајно посакува играч од средниот ред, а покрај Верати во игра за трансфер на „Камп Ноу“ се и Паулињо и Андер Ерера.