Федерер лесно против Миша Зверев, следи дербито со Димитров

0

Роџер Федерер со максимални 3:0 по сетови славеше против Миша Зверев во третото коло од неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон.

Миша Зверев само во првиот сет пружи отпор и го загуби во тај брејкот, додека во наредните два сета освои по четири гема.

Швајцарецот во четвртото коло ќе оди на мегдан со Григор Димитров, а тој меч треба да претставува своевидно дерби во следната рунда.

Доминик Тим исто така лесно го помина Џаред Доналдсон со 3:0 (7:5, 6:4, 6:2).

Во недела е ден за одмор, а  потоа стартуваат завршните борби на најголемиот Грен слем.