Лукаку со прво интервју по трансферот во Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку за познатиот медиум „ЕСПН“ го имаше првото интервју по трансферот во редовите на Манчестер Јунајтед.

Белгиецот истакна дека е среќен што потпишал со најголемиот клуб на светот и дека отсекогаш ја посакувал ваквата можност.

„Манчестер Јунајтед е најдобриот клуб во светот. Тоа е клуб кој сака да ја освои лигата повторно, сака да биде доминантен во светот повторно.

Кога дојде повикот од Манчестер не морав да размислувам два пати. Јас сум навистина среќен што ќе бидам дел од нивната историја.

Кој би рекол не на најголемиот клуб на светот, најдобриот стадион во Англија и најдобрите фанови? Ова е перфектна можност“- истакна Лукаку во прво интервју како играч на Манчестер Јунајтед.

Официјалното претставување на Лукаку се очекува во текот на денешниот или утрешниот ден.