Официјално: Руни нов фудбалер на Евертон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше последниве недели сега ја доби својата официјална потврда.

Вејн Руни е нов фудбалер на Евертон откако се врати во матичниот клуб по 13 неверојатно успешни години поминати во редовите на Манчестер Јунајтед.

31 годишниот Руни за Евертон во минатото настапи на 77 натпревари во кои постигна 17 погодоци, а сега потпиша двегодишен договор со клубот од Мерсисајд.

„Вејн ми ја покажа амбицијата која ни треба и ми го покажа победничкиот менталитет. Тој знае како да освојува титули, а јас сум многу среќен што одлучи да се врати дома“- коментираше Куман веднаш по потпишувањето на договорот.

Вејн Руни истакна дека е среќен што се враќа во клубот за кој навивал од детството и дека со нетрпение го очекува првиот настап за Евертон.

„Помина некое време откако реков дека единствен клуб во Англија за кој би играл освен Манчестер Јунајтед е Евертон, а сега сум пресреќен што трансферот се реализира.

Пред 13 години заминав во Јунајтед со намера да освојувам трофеи. Имав среќа да бидам дел од еден од најуспешните периоди во клупската историја.

Дојдов назад во Евертон затоа што верувам дека Роналд Куман гради тим кој може да освои нешто и со нетрпение очекувам да заиграм повторно за клубот кој го поддржувам од дете“- коментираше Руни по потпишувањето на договорот.

Руни во Манчестер Јунајтед освои се што можеше да се освои, стана најдобриот стрелец на клубот, а во меѓувреме стана и најдобар стрелец на репрезентацијата на Англија.