Ботас триумфално во Австрија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Финскиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас стигна до триумф на „Ред Бул ринг“ откако возеше симултанка и од стартот до финишот беше на првата позиција.

Сепак Ботас требаше да ја брани победата во самиот финиш на трката затоа што Себастијан Фетел постојано го напаѓаше веднаш штом почна да врне ситен дожд.

Подиумот на Големата награда на Австрија го комплетираше Даниел Рикардо од Ред Бул кој во самиот финиш се одбрани од нападите на Луис Хамилтон.

Фетел со денешниот развој на настаните го зголеми водството во генералниот пласман на возачите на 20 бодови.

Генерален пласман на возачи:

  1. Себастијан Фетел 171
  2. Луис Хамилтон 151
  3. Валтери Ботас 136
  4. Даниел Рикардо 107
  5. Кими Раиконен 83