Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Лукаку


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед го потврдија трансферот на Ромелу Лукаку кој на „Олд Трафорд“ ќе остане во следните пет години.

Веќе беше јасно дека 24 годишниот Белгиец ќе биде нов фудбалер на клубот од Манчестер, а сега стигна и официјална потврда.

„Ромелу е голем професионалец и голем играч. Природно е што сака да ја продолжи кариерата во најголемиот клуб. Тој ќе биде одлично засилување за нашиот тим, а знам дека момците овде ќе му приредат топло добредојде“- коментираше Мурињо по потпишувањето на договорот.

„Сакам најпрво да им се заблагодарам на сите во Евертон. Кога Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо затропаа на вратата стигна шансата која доаѓа еднаш во животот и јас не можев да ја одбијам. Можеше да се види борбата и духот кои овој тим ги има во финалето од Лигата на Европа, и јас сакам да станам дел од тоа. Со нетрпение очекувам да истрчам на „Олд Трафорд“ пред 75.000 фанови“- истакна Ромелу Лукаку кој во следните пет сезони ќе го носи дресот на „Црвените Ѓаволи“.