Евертон не запира, Бентеке пред потпис со „Карамелите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Евертон е подготвен да продолжи да троши голема сума на пари ова лето, а следна трансфер цел е играчот на Кристал Палас, Кристиан Бентеке.

Клубот од Мерсисајд веќе потпиша договор со двајцата напаѓачи Вејн Руни и Сандро Рамирез, но и покрај тоа сакаат во клубот да донесат уште еден искусен голгетер како замена за РОмелу Лукаку.

Уште при крајот на минатата сезона Бентеке сакаше да го напушти Кристал Палас, а сега откако има сериозен интерес за него веројатно ќе ја разгледа опцијата за преселба на „Гудисон Парк“.