Франко Зола им порача: Наместо Мората за 88 милиони купете го…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Поранешниот играч на Челзи, Франко Зола го советуваше Антонио Конте да го потпише играчот на Торино, Андреа Белоти, наместо преценетиот центрафор на Реал Мадрид Алваро Мората.

Шампионот во Премиер Лигата долго време разгледува на трансфер маркетот и бара замена за напаѓачот Диего Коста, беа во преговори со Евертон за потпишување на Лукаку, но тој замина во Јунајтед.

Од таборот на Челзи подготвуваат понуда од 70 милиони за Алваро Мората. Додека пак за ангажман на Андреа Белоти ќе им требаат ни помалку ни повеќе туку 88 милиони фунти, но Зола верува дека италијанецот многу подобро би се снашол во Премиер Лигата отколку напаѓачот на Реал Мадрид.