Чемберлејн тренира со Арсенал, но иднината му е неизвесна


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

23-ри годишниот играч за врска, не успева да се наметне кај Арсен Венгер како стандарден првотимец, па се почесто се споменува негово заминување.  Јирген Клоп целата оваа ситуација ја гледа од страна и покажа серизоен интерес за Окслејд Чемберлејн.

„Црвените“ од Енфилд дури испратија понуда до Арсенал за играчот, но таа експресно беше одбиена од раководството на Арсенал, кое би можело наредното лето дури и да остане без услугите на Чемберлејн  кој има договор со клубот уште оваа сезона.

Екипата на Арсенал моментално се наоѓа на турнеја во Австралија, а англискиот репрезентативец рече дека ќе се потруди да го импресионира Арсен Венгер и конечно да го добие заслуженото место во тимот.