Седлоски: Го респектираме Малме, но имаме шанси за понатака


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Вардар, на прес конференцијата пред мечот со Малме на „Сведбанк Арената“ истакна дека неговите играчи се подготвени да го дадат максимумот на гостувањето во Шведска.

Исто така Седлоски потенцираше дека имаат респект за противникот, но дека Вардар има солидни шанси за пласман во следната фаза.

„Дојдовме тука да направиме добар резултат. Знаеме дека играме против екипа која е добра која секоја година игра во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Моите момци се подготвени да го дадат максимумот, да излезат утре, и се надевам со една наша игра на овој прв меч кој следува, ќе оствариме добар резултат. Знаеме дека стадионот ќе биде полн. Но, ние во своите редови имаме репрезентативци кои што имаат играно натпревари со многу публика, и очекувам сите да дадат се од себе за да оствариме добар резултат. Последните две години бевме блиску да го минеме тоа 2. квалификациско коло, но не успеавме. Еве шанса во третата година по ред во оваа фаза, конечно, да се пласираме понатаму. Го респектираме противникот, но шансите постојат и тие шанси кои ќе се укажат ќе мора да ги искористиме и да одиме понатаму. Ова е прв натпревар, и очекувам овој двомеч да биде решен на реваншот во Струмица“, изјави Седлоски на прес конференцијата.

Натпреварот се игра вечерва со почеток од 19 часот, додека пак реваншот е закажан за една недела подоцна кога Вардар ќе биде домаќин на Малме во Струмица.