Хамилтон без грешка на Силверстоун


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон извози перфектна трка на легендарната патека Силверстоун за Големата награда на Велика Британија.

Ова е петта победа за Британецот на Силверстоун со што се изедначи по бројот на победи со легендарните Алан Прост и Џими Кларк.

Второто место го зазеде клупскиот колега на Хамилтон,  Валтери Ботас, додека подиумот го комплетираше пилотот на Ферари, Кими Раиконен.

Ботас беше перфектен на денешната трка и на крајот успеа да заврши како второпласиран по проблемите кои ги имаше Кими Раиконен во самиот финиш на трката. На Финецот му пукна левиот пневматик по што мораше да заврши во боксот.

Истата судбина го снајде и Фетел, кој го изгуби левиот пневматик во последниот круг и така од третата позиција која ја имаше пред крајот на трката падна на седмата.

Германецот останува на лидерската позиција во генералниот пласман но сега со само еден поен повеќе од Луис Хамилтон.