Ерера: Мората беше блиску до потпис

July 16th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Ерера: Мората беше блиску до потпис
Англија
0

Играчот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера истакна дека Алваро Мората бил блиску до преселба во Манчестер Јунајтед.

„Дури и почнав да размислувам дека ќе играм со Мората. Тој беше многу блиску до потпис со нас. Штета е што нема да биде со нас затоа што тој е топ напаѓач и ќе се снајде каде и да игра“- коментираше Ерера.

Манчестер Јунајтед долго се поврзуваше со трансфер на шпанскиот репрезентативец, но на крај се одлучија за Ромелу Лукаку.

Comments are closed.