Вирџил Ван Дијк сака да замине од Саутемптон

July 16th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Вирџил Ван Дијк сака да замине од Саутемптон
Трансфери
0

Холандскиот фудбалер од редовите на Саутемптон, Вирџил Ван Дијк ги известил челниците на клубот дека сака да биде продаден ова лето.

За услугите на одличниот играч од одбраната сериозен интерес пројавува екипата на Ливерпул која пред еден месец мораше и официјално да се извини на Саутемптон за „нелегалното“ влегување во преговори за Ван Дијк.

Сепак, медиумите во Англија пренесуваат дека Клоп не се откажал од намерата да го ангажира Холанѓанецот, па многу е веројатно дека Ван Дијк ќе биде нов играч на Ливерпул.

Comments are closed.