Челси со храбар план, тргнува по Кун Агуеро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако не успеаја во своите редови да го донесат Ромелу Лукаку, од таборот на Челси се во потрага по напаѓач кој треба да го замени Диего Коста кој ќе го напушти клубот ова лето.

„Сините“ од Лондон имаат намера да стапат во контакт со Манчестер Сити за услугите на Кун Агуеро. Како што пишува „Скај Спортс“ од Челси има сериозен и цврст интерес за аргентинскиот голгетер.

Сепак, трансфер на Агуеро на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде многу потежок за реализација. Откако Сити беше преземен од Абу Даби Јунајтед Груп во 2008 година немаат продадено играч кој не сакаат да го продадат.

Кун Агуеро е прва ѕвезда во клубот, па речиси сигурно од таборот на Сити нема да се ослободат од неговите услуги.