Евертон донесе уште еден фудбалер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Евертон денес го потврди трансферот на Чучо Мартина кој на „Гудисон Парк“ доаѓа како слободен фудбалер.

Последен клуб на 27 годишниот десен бек беше Саутемптон, а во Евертон доаѓа по препорака на Роналд Куман со кого соработуваше во редовите на „Светците“.

„Евертон е голем клуб со големи амбиции. Со нетрпение очекувам да се приклучам на играчите и менаџерот“- коментираше Мартина веднаш по потпишувањето на договорот.

Чучо Мартина е осмо засилување за Евертон, а со „Карамелите“ потпиша тригодишен договор.