Седлоски: Подготвени сме да го дадеме максимумот за пласман понатака


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешната прес конференција пред утрешниот реванш квалификациски натпревар помеѓу екипите на Вардар и Малме, тренерот на вардарци истакна дека тимот ќе го даде максимумот за да се пласира во следната фаза.

Седлоски очекува натпреварот во Струмица да е многу потежок од оној од Малме и исто така очекува момците да го дадат максимумот на терен.

 „Знаете дека после првиот натпревар имаме добар и активен резултат од Малме. Меѓутоа утре не очекува уште еден тежок, можеби уште потежок натпревар од првиот. Противникот сигурно ќе направи сè за да дојде до посакуваниот резултат. Тој натпревар во Малме беше само едно полувреме од овој двомеч, сега следува уште едно во кое што влегуваме максимално подготвени и концентрирани, и моите играчи се подготвени уште еднаш да дадат максимум. Сега подобро се познаваме со противникот после мечот во Малме. Верувам дека нашите грешки ќе бидат отстранети и дека ќе одиграме еден добар натпревар, и ќе дадеме се од себе да ја израдуваме оваа публика која ќе дојде во Струмица. Без разлика на тоа кој ќе игра, фудбалерите се подготвени да дадат сè од себе и да остварат еден добар резултат кој ќе ги однесе во следната фаза од Лигата на шампионите“- коментираше  Седлоски на денешната прес конференција.