Од нигде, никаде: Шчезни денеска потпишува за Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Голманот на Арсенал, Војчех Шчезни, денеска пристигна во Италија за да го комплетира својот трансфер во Јувентус.

Полскиот интернационалец, последните две сезони ги помина во редовите на Рома, но тимот на „волчицата“ немаше откупна клаузла во договорот.

Италијанските медиуму очекуваат од него, тој да биде замената на Џиџи Буфон, Арсенал за овој трансфер ќе добие 10 милиони плус 2милиони во бонуси, додека пак полскиот голман ги договорил условите со италијанскиот шампион и ќе зема  3,5 милиони годишно.

Моментално се во тек лекарските прегледи, а до крајот на денот трансферот ќе се официјализира и тој ќе потпише договор. Во првата сезона ќе биде резерва на Буфон, а потоа откако Џиџи ќе се пензионира, тој ќе го чува голот на Јувентус.